Недозволиво е граѓаните да бидат лажени и манипулирани! Официјалните бројки говорат дека во месец февруари бројот на пасоши кои се изработени и подигнати од страна на граѓаните во однос на претходните месеци е енормно зголемен. Ова е резултат на целосната реорганизација што ја направивме во овој дел.
Зошто овие бројки не биле достигнати претходно е прашање кое треба да биде одговорено од други, а во меѓувреме ние ќе продолжиме со работа и со изнаоѓање на решенија кои ќе придонесат за подобрување на сервисот кон граѓаните – пишува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Според објавените податоци во февруари се издадени 57.549 пасоши, а во јануари 39.783. Во декември месец се издадени само 20.783 пасоши.
Тошковски денеска објави дека бројот на фотографирани лица на територија на Скопје е зголемен за 75 отсто.
Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на изработени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%.
Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат.
Comments are closed for this post.