Со излагањето на адвокатите на Миле Јанакиески започнаа завршните зборови во случајот „Топлик“. Сите се едогласни дека во овој случај нема штета по државниот буџет и оти обвинителот Рустеми ја презема улогата на државниот правобранител кој единствено има право да побара штета.
Адвокатот Дончо Наков во своето излагање истакна дека дури и основниот Кривичен суд исплаќа закозна затезна камата а меѓу другото и членови на овој совет имаат добиено.
„Топлик“ е прв случај во Македонија каде некој се гони за исплата на законска затезна камата по спогодба склучена од државно правобранителство.
Наков истакна дека и судовите исплаќаат по решенија каде се исплаќа законска затезна камата.
Comments are closed for this post.