Неколку дена пред вториот изборен круг во Оштина Центар, за локалните избори во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ имале проблем со организација на транспортот на иселениците од Италија и Швајцарија.  Ова го покажуваат бомбите кои денеска се слушаат во судница, за случајот „Титаник“ од СЈО.

Националистите не можеле да станат рано сабајле. Тие од Италија требало да стигнат во два, па им било рано. Да му е..м мајката, што народ ќе бевме!, му вели Јанакиески на соговорник.

На претходните рочишта за „Титаник“ од телефонските разговори можеше да се слушне како Јанакиески со директорот на охридскиот аеродром разговара за евентуално спречување на албанските гласачи брзо да поминат низ терминалите за да не стигнат на гласање во Кичево и Гостивар.

Судењето за „Титаник“ денес траеше само еден час, поради тоа што обвинетиот Мунир Пепиќ од овој предмет е обвинет и во постапката за 27 април која беше закажана во исто време.

Судењето ќе продолжи в среда со слушање на нови „бомби“.