Триесет и шестгодишнен маж е повреден на работното место. Несреќата се случила вчера околу 11:45 часот, кога Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди.
Инцидентот во полициската станица Кочани го пријавиле од Итната медицинска помош Кочани. Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.