Апелацискиот суд во Скопје го потврди планот за реорганизација на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО ад Скопје, со што компанијата продолжува со нормалните планирани работни активности, соопшти денеска ТЕ-ТО ад Скопје.

Согласно оваа одлука, стои во соопштенмието, ТЕ-ТО ад Скопје ќе продолжи да испорачува топлинска и електрична енергија и со сите други редовни активности, а сите вработени во компанијата ќе останат во редовен работен однос и редовни примања согласно законот. ТЕ-ТО ад Скопје е една од најголемите гринфилд инвестиции во Македонија и работи согласно највисоките стандарди во енергетиката и екологијата.