Згрозен сум од оваа држава, рече таткото на Викторија Николова, по денешната пресуда од три години затвор за возачот кој ја прегази и усмрти.

Што да кажам, немам зборови. Згрозен сум од оваа држава и од судството и затоа има толку голем процент на доверба во судството. Нула проценти, затоа и сите ја напуштаат оваа држава, рече тој пред новинарите по денешното рочиште.

Мајката на Викторија, со плач ја дочека пресудата. За родителите и за адвокатот на одбраната оваа пресуда е несериозна, скоро па ослободителна.

Денеска Основниот Кривичен суд – Скопје обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години и абрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.

 

Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.