Откако стапиле во контакт со Гоце Трајковски, Александар раскажа како со кумот прегледувале камери од околните објекти. Прво било кафулето„ Синдикат“ кој гледа во зградата на Вања но во тоа време ја немало.
Александар математички го пресметувал врмето кога Вања излегла дома и времето кога и се губи сигналот од телефонот, објасни на денешното рочиште.

Впечаток ни остави колата на смртта со замаглени стакла. Како да преноќила и тргнала пред зградата на Вања. Преку пријатели праќавме слики на пријателот од Сејф сити. Следниот ден газдарицата од фризерскиот салон ни обезбеди снимка на стикче. Зазвони телефонот и Гоце го уклучи спикерот. Некој му рече “дали си нормален, оваа кола ја бараме пет дена“. Продолжив да гледам снимки и таа кола ја забележав на Партизанска како прави чудни движења. Потоа на Фејсбук ми покажа слика од исчезнат велешанец со неговото возило. Му се јавив на инспекторот Дејан и  на суптилен начин да проверат дали можеби станува збор за педофил. Ние во тој момент знаевме за возилото но не смеев да го откријам изворот во Сејф сити, раскажа Александар.

Инспекторот Дејан ми рече да ја земам Зорица. Влеговме во ходникот. Од погледите на  инспекторите претчустував дека нешто не е во ред. Нѐ сместија во една просторија. Се појави Музафер, му кажав дека Миња е во болница. Не раздвоија со Зорица. Се појавија инспекторите Кире и Дејан. Ги прашав што се случило. „Не се прави дека не знаеш“, сега ти ќе ни кажеш нам. Со сто нула ве победивме. Инспекторите ми рекоа дека јас сум и ставил лента на усната. Имаше и физичка тортура, бев парализиран дух. Кога ќе прашав што се случило велеа дека јас треба ним да им кажам.Ми велеа дека во другата просторија киднаперите признале се.ГГи прашав кои киднапери, ми рекоа не ги знаеш, си се договарал со монструмот. Кој монструм?Тогаш ми го спомнаа Палчо. Прашав-тој што ја правел зградата. Рече не се прави дека не знаеш. Инспекторот Музсфер знаеше,дека  ние сме чекор понапред од истрагата. Пред нив знаевме и за запалениот Цитрон во Бразда. Ме тепаа и таму и во затвор. Прв пат од обвинителката Жаклина дознав дека Вања е мртва.

 

Ја најдов Вања но доцна. Кога го одземаа нејзиниот живот го одземаа и мојот. Но и на целото семејство, кажа Александар со солзи во очите.