Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија, изјави синоќа во Собранието на РМ, спикерот Талат Џафери, по завршувањето на референдумот и во очекување на конечните резултати од ДИК.
Тој изрази надеж дека вердиктот на сувереноста ќе придонесе за подобра иднина на сите граѓани и ќе биде основа за идните процеси, што се очекуваат во следниот период низ институциите на системот. Собранието, според него, ќе продолжи со напорите да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните промени, зашто не се работи за партиски, туку за државни интереси.
Џафери потврди дека не гласал на референдумот, зашто неговото име го немало во избирачкиот список.
Се надевам дека станува збор за изолиран случај, рече тој.
ВО ЖИВО: Обраќање на претседателот на Собранието Талат Џафери
Posted by Pressing TV on Sunday, September 30, 2018
Comments are closed for this post.