Зад бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија постоел таен, тивок и организиран план меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и албанскиот и унгарскиот премиер, Еди Рама и Виктор Орбан. Со вакво тврдење денеска излезе поранешниот српски претседател и лидер на социјалдемократската партија во Србија, Борис Тадиќ.
Зад тоа стои фаланга од регионални популисти кои организираат глувчешки канали за пренесување осудени криминалци, изјави Тадиќ.
Екс српскиот претседател вели дека сегашниот шеф на државата Вучиќ лажел во интервјуто на телевизијата “Хепи” кога посочил дека и Тадиќ купил мерцедес како и Груевски. Тадиќ потенцира дека Груевски сторил кривично дело со неговото политичко влијание.
Comments are closed for this post.