Јован е средношколец од Виница кој иако бил надвор кога почнал пожарот, на неколку начини помагал на повредените. Прво влегува да помага на луѓето во дискотеката, а подоцна давал и помош на повредените. Му благодариме од срце за неговата хуманост и пожртвуваност.

Тој сведочи за страшни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува.

Костадинов вели дека претешко било да се изнесуваат младите, затоа што биле онесвестени, и практично сам на раце требало да ги вади од дискотеката. Ги изнесувал само до излезот, каде ги преземале други, за тој веднаш да се врати по нови загрозени.

Кога излегов надвор на воздуг паднав на колена и многу ми се слоши. Ме земаа со една кола да ме носта, а мене очите ме печеа и ми се вртеше. Одзаде ме возеа со двајца онесвестени, а во болницата беше хаос – рече Костадинов.

Тој наведе и детали за тоа како успеал да се снајде во својата намера да спаси жто е можно повеќе животи.

Го земав цревто, се измокрив. Отидов на главниот влез, ама луѓето таму беа многу заглавени, па влегов низ прозорецот што е кај билетите. Влегов во таа соба, имаше таму четири или пет луѓе. Вратата беше заглавена, ја скршивме и почнавме да ги вадиме еден по еден – раскажува Костадинов.