ретседателката на Судскиот совет, Весна Дамевска поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот, кој сега останува да функционира без претседател, откако изборот на нов претседател вчера беше одложен.

Дамева, како причина за оставката, го наведе „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“.

Од Владата, оставката на Весна Дамева ја оценија како единствената можна и исправна одлука, нагласувајќи дека „од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“.

Мандатот на функцијата претседател на Судскиот совет трае две години, а Дамева беше избрана на 5 декември 2022 година.

Изборот на нов претседател на Судскиот совет, иако првично беше ставено на дневен ред на вечерашната седница, како втора точка по констатирањето на оставката на Дамева, сепак беше одложено, за по изборот на двајца нови членови на 11-ти овој месец