Судијката Васка Николовска-Масевска која го судеше случајот „Рекет“ сега сака да стане апелациски судија. Како што се говори во судските кругови, таа од поодамна има желба да влезе во Апелација и се надева дека ќе ја добие поддршката во Судскиот совет кој од неодамна го води Весна Дамева, поранешна претседателка на правната комисија на СДСМ.
Николовска-Масевска стана позната по процесот „Рекет“ во кои беа осудени Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Дотогаш таа не беше позната во јавноста и немаше судено некој голем предмет.
За време на случајот „Рекет“ таа неколкупати влегуваше во конфликт со Боки па дури и му се закануваше дека ќе го отстрани од судницата.
Таа ќе остане запаметена откако не дозволи на одбраната на Јовановски да го добијат телефонот на вештачење во кои имаше разговори и пораки на Боки со многу политичари меѓу кои и со Зоран Заев.
Comments are closed for this post.