Струмичкиот владика Наум ќе стане почесен доктор на Великотрновскиот универзитет „Св.Кирил и Методиј“, јавуваат бугарските медиуми.
Високото признание на струмичкиот владика ќе му биде врачено на 7 ноември, на денот на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на универзитетот, а предлогот стигнал од два негови факултета-Богословскиот и тој по Историја.
Великотрновскиот универзитет чека решение од македонската влада за отворање на своја филијала во Свети Николе.
Comments are closed for this post.