Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го критикуваше премиерот Зоран Заев дека ги користел советите на лажниот Порошенко, кој во телефонскиот разговор го соетуввал да го користи сталинистичкиот метод „Не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите“.
Комичар му се јавува на Зоран Заев и претставувајќи му се како тогашниот украински претседател Порошенко, му го цитираат Сталин! Внимавајте, украински претседател го цитира Сталин како совет, Сталин – човек одговорен за смртта на околу пет милиони Украинци! И тоа на Заев не му е сомнително. И притоа Украинскиот претседател во моментот има акутен проблем со Москва. И повторно на Зоран Заев тоа не му е сомнително. Зоран Заев нема елементарно познавање за функцијата која што ја извршува. Уште пострашно, сталинистичкиот совет кој што со задоволство го прима Заев. Цитирам:
„Како што вели еден од нашите политичари: Не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите“.
Заев: „Да, да, да, да…“
„Се надевам дека овој совет ќе ви помогне?!“ вели лажниот Порошенко.
Заев: „ДА, ЌЕ МИ ПOMОГНЕ, СИГУРНО!“, вели Стоилковски.
Според него, Заев се согласува со сталинистички метод за броење гласови во разговор во пред референдумскиот период, Заев се согласува со мислата на Сталин „ДОВОЛНО Е ЛУЃЕТО ДА ЗНААТ ДЕКА ИЗБОРИТЕ СЕ ОДРЖАЛЕ. ЛУЃЕТО ШТО ГЛАСААТ НЕ ОДЛУЧУВААТ НИШТО. ЛУЃЕТО ШТО ГИ БРОЈАТ ГЛАСОВИТЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА СÈ“.
Сета македонска јавност сведочи што се случуваше по пропаста на референдумот, тезите дека недостасувале гласови против или дека мнозинство биле ЗА, токму по сталинистичкиот совет, по што следеше онаа криминогена операција за менување на Уставот во Собранието на Република Македонија! Сета јавност сведочи за митото нудено за време на референдумската кампања. Сета јавност сведочи за вратоломиите и брзите прсти при гласањето за 4, 5, 7, 9 секунди по гласачи!Сега на сите им е појасно дека не биле без основа обвинувањата од кандидатот Блерим Река и од Гордана Силјановска Давкова за сталинистички методи во претседателската трка на СДСМ! Па Зоране Заев, колку ти помогнаа советите од Сталин? Колку сталинистичките методи помогнаа во пребројувањето на гласовите на референдумот, а колку на претседателските избори?
Разговорите ја открива и криминогеноста на Заев во однос на поткупувањето, ја откриваат и заевата блискост со светски мешетари кога станува збор за лажни вести, митоманство, перење пари и финансирања на кампањи. Јавното обвинителство мора со сериозност да отпочне процеси за сите наводи од разговорите и пораките разменети меѓу Заев и лажниот Порошенко, доколку во Обвинителството останало барем малку интегритет. Или Заев ја довел работата до нов сталинизам: „Нема луѓе – Нема проблеми“!, вели Стоилковски.
Comments are closed for this post.