На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата од Зоран Заев за инвестиција во Неготино, истакна дека се работи за депонија и преработка на отпад од 48 општини во Македонија, и дека Зоран Заев мора прво да ги праша граѓаните во Тиквешијата бидејќи депонија не им ветуваше на изборите.
– Оваа инвестиција во Неготино најавена од Заев, се најавува како инвестиција во енергетика а не се кажува суштината, вистината а тоа е дека е инвестиција во депонија. Би потсети, дека минатата година Неготинци на референдум ја одбија идејата да биде изградена депонија во срцето на Македонија на најплодната почва во Македонија, уште повеќе што за да се отвори депонија, односно да се обработува отпад, потребна е многу поинаква земјишна структура, геодетска слика, отколку она што го поседува неготинскиот крај а тоа е земјоделско земјиште од прва класа. Повторно се турка ист проект, одработка на отпад овој пат од 48 општини во Македонија и тоа во најплодното земјиште во Македонија. Но, тука има и други аспекти, што Зоран Заев ги излажа граѓаните од Тиквешијата од овој земјоделски регион од овој еколошки здрав регион, каде што им ветуваше здрава животна средина а тој сега им носи опасност од енормно загадување, уште повеќе што зад оваа таканаречена инвестиција, Зоран Заев најавува фирма од Луксембург, земја која што е позната по оф шор фирми со сомнително сопствеништво, така што, за оваа најавена инвестиција, Зоран Заев мора прво да ги праша граѓаните во Тиквешијата, бидејќи ова што сега го ветува не им го ветуваше на изборите, истакна Стоилковски.
Comments are closed for this post.