Македонија има закони, ама нема кој да ги спроведува. Криминалци дивеат заради селективното спроведување на законите според тоа кој и дали работи за СДСМ или не.

Криминалци, наместо да се во затвор, можат да дивеат и предизвикуваат тешки дела, да предизвикуваат општа опасност среде градски плоштад и да минат со 45 евра смешна казна.

Најголемото прашање во моментов е кој штити Харачина, за така слободоумно да се однесува, а е човек со повеќе активни кривични пријави? На ова прашање нема да добиете одговор од Оливер Спасовски додека тој е на чело на полицијата, а судството е во пупката на Зоран Заев.

Лик со ново Бентли, скап и моќен автомобил влета меѓу пешаци, среде новогодишни тезги, возеше меѓу украсите на Петре Шилегов од 200.000 евра, , предизвикувајќи општа опасност,тоа го снимал за социјалните медиуми, па власта го пронајде дури откако јавноста се побуни!

И во немоќ за тоа напишале казна од 45 евра, која што ако веднаш ја плати ќе биде неполни 23 евра! Човек што има кривична за загрозување општа опасност, е повторувач на такво дело, му пишале казна за сообраќаен прекршок!

Вистината е дека Заев и Спасовски преку институциите и ЈО го штитат  Бурим Ајети викан Маслам или Харачина кој одработуваше за СДСМ за време на избори, за да сега дивее со автомобил низ центарот на Скопје. Заев и Спасовски го штитат затоа што одработува за СДСМ во Арачиново и дозволуваат негово дивеење и загрозување на животите на луѓето.

Наместо кривична пријава за предизвикување на општа опасност, Бурим Ајети заштитен од Заев и Спасовски доби само парична казна од 45 евра.

Ова отвора и прашање за Петре Шилегов. Дивеењето на Ајети откри и пропусти во безбедносниот систем; Во време пред Новогодишните и Божиќните празници кога во цел свет е зголемен ризикот од напади, а најризични локации се градските центри. А среде Скопје ни се случува влетување со автомобил во плоштад полн со луѓе.

Заев и Спасовски, но и Шилегов да одговорат, каде била полицијата која во тој момент кога треба да има засилено присуство како во униформа така и во цивил на прометни места?!

По ваков безбедносен пропуст најмалку што може е Оливер Спасовски е да си поднесе оставка.

Ниту Скопје, ниту Македонија е безбедна се додека криминалците кои ги штитат Заев и Спасовски слободно дивеат по улиците.

Македонија има закони и за вакви дивеења, па ги повикуваме Заев и Спасовски да ги ослободат институциите за да почнат да ги применуваат. Безбедноста на сите граѓани и владеењето на правото мора да е императив, дури и кога станува збор за одработувачите на Зоран Заев.