За македонскиот судски систем, повеќе не важи максимата „Правдата е слепа“, туку во македонските судници под симболот на тасот, слободно се чита „Апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме“. Нема аргументи, нема факти, нема докази – има само нарачка, диктат на властодржецот и желба на Кацарска судството за што подлабоко задоволување, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Залудни како што рече се обидите на ова џубокс, Кацарска судство и СДСМ, било кого од ВМРО-ДПМНЕ, од поранешното и актуелното раководство, да го изедначат во очите на јавноста со криминогениот Заев и однародената влада.
Зоран Заев, не го признаваше судството за случајот „Глобал“. Зоран Заев не го признаваше судството за случајот „Пуч“. Зоран Заев не го признаваше судството за „Поткуп“ – фино аудио видео документиран, со судски налог. Сега, Заев, со сиот криминоген габарит стана главен реформатор на судството, ослободен, помилуван, аболициран – вели не се мешал во судството! Апсурд! Документите, обвинителниот акт за Почесниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски – вели ниту има штета, ниту има материјална корист. Има само набавено возило за потребите на Република Македонија чиј што безбедносен сертификат ги задоволува барањата за странските гости, ама и за владиниот кабинет. Па нели ќе го продаваа, за да спасуваат болни деца? Нели го изложуваа таков гребен, гнасен, никаков?, праша Стоилковски.
Стоилковски обвини дека судството се ставило во улога на џелат, во улога на страшило за секој оној кој мисли поинаку од извршната власт.
Наместо правда и судство во заштита на правата на граѓаните, Република Македонија доживеа џелат и апо за слободоумните и правдољубивите!Но што и да направи што и да помисли нарачателот, што и да измисли Кацарска судството, еден факт ќе остане непроменет – ВМРО-ДПМНЕ не учествува во обезличувањето на македонскиот народ, на бришењето на македонската историја, на одземањето на името Македонија од Македонците и предавањето на соседите. А тоа е главната цел, тоа е главната болка, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.