Македонија е изгубена држава која што се празни од ден на ден затоа што ја имаат окупирано криминалци како Зоран Заев, со правдата се тргува, се креираат обвиненија со цел некој потоа тоа дебело да ги наплати со изнуди и рекет. Институциите кои треба ова да го гонат, се одмораат среде истрага дозволувајќи на тој начин да се форматираат телефони, да се бришат форензички комјутери, да се влијае врз докази и сведоци и потенцијални осомничени кои што можат да уживаат на плажи, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Зошто не е утврдено каде се движеле осомничените откако ја зеле торбата Луј Витон и каде завршила таа заедно со парите во неа? Дали со измислувањето на статусот пријавител, Рускоска се обидува да го амнестира Заев, откако веќе виделе дека случајот ќе излезе во јавноста? Тенденцијата е веќе јасна, Русковска обвинителството требало да отвори случај во кој ќе гледа по секоја цена да се ограничи на двајца обвинети и со тоа да ги заштитат Катица Јанева, Зоран Заев и многу други функционери од партијата СДСМ, прашува Стоилковски.
Comments are closed for this post.