Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ! Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на Небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти. За жал се потврди дека од петок до денеска, вторник, ништо нема да биде преземено на Хирургија, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Но затоа – дознавме дека на СДС-ДУИ поважни им се партиските функции, истакна тој.
Дознавме дека Заеднички служби зависат од Клиниките, ама дури и од Заеднички служби се јавија во јавност само 12-те директори на Хирургија се сокриени.
Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?
И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам – ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?
Внимавајте, 20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време!?
Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија, нагласи Стоилковски
Ова е фотографија од ФБ страницата на Манолева, заменик министерката за здравство од 22 мај 2024 година, една недела по хаосот на Хирургија. Таа во Кабинет заедно со министерот си прославуваат со торти додека цела Хирургија тоне. Толку од грижата на Манолева.
За жал 20-тина дена абер нема од санација на Хирургија, се заради негрижа, ама целосна негрижа на двоецот СДС-ДУИ, за ништо друго, освен за лични интереси и партиски функции.
Кабелот повеќе не може да е виновен! Ако санацијата би вредела 120.000 евра, ако за 120.000 евра 20 дена здравството е во колапс, некој дебело ќе одговара.
Одговорност ќе има, колку и да се групираат и регрупираат, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.