Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и денeска го повика премиерот Зоран Заев да одговори за наводите во медиумите кои пишуваат за наводна вмешаност и поврзаност на власта со рускиот бизнисмен Иван Савидис кој финасира проруски партии, а финансиски е распослан низ соседна Грција.
Зоран Заев мора да одговори на индикациите во медиумите каде спротивно на владата и компанијата „СЕКЕ“ од Прилеп, за тоа дека не е поврзана со бизнисите на Савидис, стои наведеното во сопственичката структура на компанијата на Сависид, јавно достапна на интернет, каде јасно е наведена прилепската компанија како содружник. За заедничката партнерска и сопственичка структура на „СЕКЕ“ и грчката „СЕКАП“ АД ГРЦИЈА пишуваат и грчките и бугарските медиуми, а се пренесени и во македонските медиуми, рече Стоилковски.
Тој прашува:
Дали и колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија, и дали има поврзаност со Владата, премиерот и висок функционер од ЛДП која што е дел од владејачката коалиција? Дали Заев знаел чија компанија посетува кога го посети тутунскиот комбинат во Крушево, кој што е дел од синџирот на компании на Савидис? Дали Заев беше придружуван од Панајотис Теранидис, човек кој што е од доверба на Савидис?Колку се зголемени приходите на компанијата Секе на Савидис по 2017 година односно откако Заев ја презеде власта? Дали поранешниот директор на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски кадар на приврзокот на Заев ЛДП, е главен потписник, прокурист на компанијата на Савидис? Дали Заев знае дека неговиот пријател, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, е тесно поврзан со Иван Савидис, кој што веројатно му е и спонзор во политичката кариера? Дали знаел Заев дека хотелот Македонија Палас во Солун, или како милува Заев „Тесалоники“, каде што тој оди на прослави со семејството и советниците од владата, е токму хотел на Иван Савидис?
Заев порача Стоилковски, има сериозна обврска да даде одговори на поставените прашања. Во спротивно само ќе ги засили сомнежите.
Comments are closed for this post.