За среќа на Србија и српскиот народ, а за несреќа на загрижените во Македонија на преговорите во Охрид не се реализира очекуваното дека Србија ќе го признае Косово и се сруши тезата дали преговорачката рамка со францускиоот предлог може да се менува, односно се покажа дека може, ги коментира пратеникот Иван Стоиљковиќ разговорите меѓу Белград и Приштина.
Според него, нервозата во Приштина договолно говори дека Србија го добила тоа што то посакувала а тоа е дека нема признавање на Косово и оти формирањето на Заедница на српски општини сега е реалност.
Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“ посочува дека Вучиќ им покажал на македонските власти како се бори и преговара за својата земја.
Овдешната власт смета дека ако Србија се согласи да го признае Косово дека и ние мораме да прифатиме се што ни се бара.Тие не оставаат простор дека некој може да се залага и бори за сопствениот народ.Вучиќ е лош пример за власта во Македонија бидејќи покажа дека со борбеност може да се издејстуваат одредени промени во интерес на сопствениот народ. Тоа што нашата власт беспреговорно прифаќа сè и велат „дај бе да потпишеме само да ја завршиме работата“ е неодговорно однесување.
Тоа што за меѓународната заедница договорот од Охрид е правно обврзувачки иако нема потпис за Стоиљковиќ е доказ дека секој си ги толкува работите онака како што му одговара.
Она што е очигледно е дека Косово е протекторат под меѓународната заедница но е извор н на можна нестабилност и тие сакаат да си ги завршат своите работи, неводејќи дека и Србија има свој интерес таму.Србија не дозволи да биде повторно понижена.Ова е процес кој може долго да трае бидејќи проблемот е вековен.
Стоиљковиќ не ја исклучува можноста Хрватска да и го прави на Србија она што Бугарија и го прави во текот на преговорите за ЕУ.
Проблемите на Балканот се отворени и Македонија и Србија ја плаќаат цената на историското доцнење а тоа знае да биде многу скапо.Тоа доцнење е дел наша вина а дел на меѓународната заедница која одеше преку мртви тела за да ги реализира сопствените интереси неводејќи сметка дека овде живеат луѓе кои исто така имаат не само свои интереси туку и живот кој сакаат да си го уредат на најдобар можен начин.
Comments are closed for this post.