Проценката на САД и НАТО е дека новата безбедносна архитектура во светот се менува и дека заради тоа потребно е зголемување на 5% од БДП на земјите членки. Зошто тоа е така? Бидејќи воено безбедносниот комплекс на алијансата е под притисок за справување со предизвиците и трката во производство на новите воени платформи. Русија и Кина напредиваат во производството на хиперсонично оружје, дронови, против воздушни системи, ракетни системи и напредни воздушни платформи од 5 и 6 генерација, како и имплементирање на вештачката интелигенција во воената индустрија.

Исто така во тек е судир помеѓу источната и западната воена опрема во Украина, вели во разговор за „Локално“, безбедносниот аналитичар, Милан Стефановски откако САД очекува членките на Северноатлантската алијанса да постигнат договор за зголемување на буџетот за одбрана на 5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за време на самитот што ќе се одржи во јуни во Хаг.

Повеќе на Локално.мк