Врие на Блискиот Исток. Иран и Израел продолжија со нападите со ракети и беспилотни летала. Жителите во страв и паника минуваат часови во засолништа. Двете страни објавија за успешни напади врз критична инфраструктура. Техеран таргетира цивили, обвинуваат властите во Тел Авив.
Американскиот претседател, Доналд Трамп вели дека двете страни треба да постигнат договор. Според израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, прашањето не е деескалација, туку спречување на Иран да го развива својот нуклеарен капацитет. Тој им се заблагодари на САД и одлучното водство на Трамп.
За тоа што не очекува понатаму во конфликтот, за „Локално“ објаснува аналитичарот, Милан Стефановски.
Според него, генезата на овој конфликт имплицираше дека еден ден ќе има ескалација според интезитетот и силината. Оценува дека судирот во минатото беше латентен и се одвиваше преку прокси играчи. За него, ризикот од отворена војна е голем и останува како претпоставка дека тоа ќе се случи во блиска иднина.
Аналитичарот нагласува дека најголема улога во смирување на тензијата и овој конфликт да не добие карактер на регионална војна ќе ја имаат САД и арапските земји.
Повеќе на Локално.мк
Comments are closed for this post.