Екс-специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова со „дарежливата рака“ на нејзината екс-шефица Катица Јанева, како надоместок на основната плата по основа на доверливост добила 93.000 евра. И таа, како и сите останати нејзини колеги и колешки, ова не го навела во анкетниот лист пополнет по завршувањето на функцијата.
Стефанова и како „специјална“ и како обична обвинителка го води случајот „Империја“. Но, таа не се согласувала со ставот на шефицата на бизнисменот Орце Камчев да му се дозволи издавање на времен пасош и да биде пуштен во домашен притвор.
Но, нејзиното име ќе остане запаметено по тоа што Камчеви, што ќе рече и бизнисменот Орце и неговата сопруга Ана, го потенцираа во случајот „Рекет“ дека преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, наводно, барала деловен простор за стоматолошка ординација за нејзината ќерка.
Comments are closed for this post.