Стандардот на граѓаните пропаѓа тоне, а на власта на Заевизмот око не и трепнува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Цените на мало во декември се поскапени за 6%, поскапени се горивата, цената на струјата за 15%, цената на парното речиси за 15%, што директно влијае врз семејниот буџет на секој граѓанин. Власта на пиунот Ковачевски не презеде ништо тоа да го спречи. Немаше навремена набавка на гас, немаше навремен ископ на домашен јаглен и домашно производство на струја, немаше навремена заштита на пазарот со основните продукти.
Дополнително, буџетскиот дефицит е 7 милијарди и 255 милиони евра или нов долг за секое семејство од почетокот на 2022 година во износ од нови 14.500 денари. Тоа е резултатот на заевизмот, на кој во ек на економска, здравствена и енергетска криза прв приоритет му е набавка на златен прибор за пиунот Ковачевски.
Криминалот на заевизмот, поради кој и оваа година Македонија е рангирана како една од најкорумпираните земји во Европа, државата ја закова на дното по странски инвестиции и економски раст во целиот регион.
Расте долгот, а економијата тоне.
Тоа мора да престане. Решението е да се раскрсти со заевизмот на предвремени парламентарни избори, и тоа час поскоро, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.