Владата предлага Закон за граѓанска одговорност со кој ќе се санкционира сеаков вид на критика од страна на граѓаните, медиумите или организации,
Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета, пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негатиивно мислење“.
Ова значи дека граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, на пример за работата не некој владин министер, функционер, градоначалник…
Веднаш по критиките Министерството за правда се изјасни дека било грешка.
Формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење”, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа, се вели во реакцијата на Министерството за правда по жестоките реакции во јавноста за предлогот за казнивост за изразено негативно мислење.
Целосно ги поддржуваме новинарски слободи и права и сите закони ги носиме заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање, се вели во соопштението на Министерството за правда
Comments are closed for this post.