Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Клеменс Која, на која било разговарано за тековните состојби и приоритетите во процесот на демократизација и европеизација на македонското општество.

Посебен фокус бил ставен на областите каде ОБСЕ активно и во континуитет обезбедува поддршка како што се изборната реформа, обуките за полициските службеници, реформите во правосудството и друго.

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР и наодите од изборниот и судскиот мониторинг се важни одредници за европските стандарди во поглавјата од владеењето на правото што го одредуваат напредокот во сите останати области, а придонесуваат и за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, што за нас како Влада е најважниот индикатор за успешноста на јавните политики, изјави Димитров.