Секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани, на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните, вели за вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за „24 инфо“.
Јас веќе најавив дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за празниците околу почитувањето на мерките за спречување на ширење на коронавирусот, но и воопшто за да се гарантира јавниот ред и мир. Доколку некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност. Полицијата ќе постапува по пријава или по сознание, кое го добила, па ако се утврди дека навистина се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител и постапуваме врз основа на законот. Значи, секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани, на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните.
Впрочем, полициското присуство секогаш било засилено околу Нова година и другите празници во текот на јануари, затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти. А благодарение на апелите и проверките преку Секторот за превенција при МВР и апелите дека издавањето викендички на луѓе кои не се од исто семејство се смета за кривично дело исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова година, а деновиве полицијата растури и неколку забави, при што учесниците ќе добијат кривични пријави за непочитување на законот, вели Спасовски во новогодишното интервју.
Comments are closed for this post.