Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 63-тата седница, на чиј дневен ред е жалбата на обвинителката Вилма Русковска.
Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага „разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска“.
Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.
Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција
Comments are closed for this post.