Шилегов кога веќе не може да се фали со изградени булевари и паркови ќе се фали со талибанско менување на имиња на улици, ова денеска го истакнаа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.
Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика. Од ветениот зиплајн, луна парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале, Шилегов спадна да главен проект му е имиња на улици како Социјалистичка зора наместо Христо Батанџиев, 4 јули наместо Борис Сарафов, Бихакќа наместо Павел Шатев, Иво Лола Рибар наместо Теодосиј Гологанов. ВМРО-ДПМНЕ бараше повлекување на предлозите за имиња на улици и нивна разработка со сите надлежни фактори и вклучување на општествени авторитети, градски јавни личности, и институтот за историја при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Шилегов овој предлог го одби. Предлозите за менување на имињата на улици сега чекаат одобрение од владата чиј идеен творец е. Апелираме истите да не се прифатат и да се прифати општествена јавна расправа, велат од советничката група.
Comments are closed for this post.