Собранието, како овластен предлагач на референдумот, нема да определи свои претставници да ја следат работата на изборните органи на референдумот.
За оваа своја одлука, како што било договорено на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, со допис ќе биде известен претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.
По референдумот на 30 септември, првата пленарна седница Собранието би можело да се очекува да ја има во средината на октомври, додека комисиски седници ќе има во деновите пред одржувањето на седницата.
Comments are closed for this post.