Алијансата за Албанците е во целосен раскол. Крилата на актуелниот претедатал Арбен Таравари и на поранешниот Зијадин Села закажаа Централно собрание, но во различно место и термин.
Екипата на Таравари ќе се собере денеска во Куманово каде треба да се потврди одлуката на изборите да се оди во коалиција со албанската опозиција.
На страната на Таравари се актуелните министри Меџити и Алиу. Но, крилото на Села донесе одлука за нивно разрешување. За нов министер за здравство го предложија здравство Илир Демири, а за информатичко општество Наим Бајрами.
Поддржувачите на Села велат дека Сообранието на Таравари е нелегитимно и дека партиско собрание, според статут е закажано за во сабота во Скопје.
Доколку дојде до точка Собранието на Села да гласа за разрешување на Таравари клучното прашање е кој ќе биде вистински претседател на паријата и кај кого ќе биде печатот.
„
Comments are closed for this post.