Во Собранието е поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новиот список е доствен до собраниската Архива и на него, како што наведуваат, од тактички прчини ги нема потписите на неколкумина пратеници кои биле на претходната листа. Очекуваат утре да има седница на Собранието и да и биде исгласана недоверба на Владата.
Засега нема официјална потврда кои пратеници не се на новиот список, но дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека станува збор за двајцата пратеници од Левица – Димитар Апасиев и Борис Крмов.
Повелување на потписите на пратениците од Левица бараше пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи, како услов неговиот потпис да остане на списокот за поднесување иницијатива за гласање недоверба на Владата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата уследи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори.
Иницијативата останува, а деловникот дозволува истата да биде технички корегирана. Ќе направиме техничка корекција, да даде простор на одредени пратеници да се пронајдат себе си со своите забелешки Иницијативата ќе биде технички корегирана и ќе остане во процедура, на истата ќе има помал број на потписи, а ќе има поголем број на гласови од 61 кои ќе гласаат за недоверба“, изјави Милошоски и додаде дека на не може да зборува во име на други партии-изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.