Откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави изборните листи она што прво паѓа во очи се двајцата натпартиски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Игор Дурловски. Тие ќе ќе бидат носители во првата изборна и петата изборна единица.
Професорката Силјановска ќе му се спротистави на Никола Димитров во првата изборна единица.Таа на претседателските избори освои 377.446 гласови што е огромна почетна предност.
Гордана Силјановска – Давкова важи за еден од најреномираните професори по уставно право и политички систем. Зборува повеќе јазици, има предавано на повеќе светски универзитети.
Во петата изборна единица, оперскиот пејач Игор Дурловски на свој терен ќе и се спротистави на вицепремиерката Радмила Шекеринска.
Зад името на Шекеринска се врзуваат многу скандали а нејзиното име се споменува и во аферата „Рекет“. Куќната помошничка на Бојан Јовановски тврдеше дека во неговата куќа во Орман често навраќала токму Шекеринска. Министерката за одбрана беше на удар и поради некои сомнителни набавки во министерството за одбрана.
Дурловски пак е човек со меѓународни признанија од областа на оперската музика и е обожуван од народот, но и почитуван од своите колеги.
Тој беше еден од обвинетите за настаните од 27 април, но ја докажа својата невиност и доби ослободителна пресуда откако претходно не побара аболиција од претседателот Иванов.
Кога станува збор за останатите кандидати ВМРО-ДПМНЕ оди со повеќе од 90 проценти нови кадри, потпомогнати од неколкумина од стариот состав кои ќе дадат нова енергија во пратеничката група.
Comments are closed for this post.