„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да разберат“.
Ова е пораката, што екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, му ја испратил на четвртообвинетиот во случајот со владината набавка на софтверот за следење и казнување на сторители на сообраќајни прекршоци, и која, практично, го однесе од домашен во затворски притвор во Шутка.
Вулгарната, безобразна и омаловажувачка смс-порака на Рашковски на прв поглед изгледа дека се однесува на обвинителите од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кои го водат случајот и засега не се знае каков ефект имала содржината врз нив.
Но, ако според логиката и размислувањето на Рашковски, обвинителите на кои четвртоосомничениот требало стручно да им ја образложи набавката на спорниот софтвер „биле глупи“ и „ништо нема да разберат“, тогаш се поставува прашањето дали истото мислење не го имал и за неговиот претпоставен, премиерот Зоран Заев?-анализира Пресинг ТВ.
Зашто, Заев како прав негов ангел чувар го бранеше софтверот и целата набавка, што се вели, до последен момент, па и по цена на постоење основано сомнение за тргување со влијание, што премиерот како таков несомнено го имал. Конечно, што било решавачко за тоа? Тоа што Рашковски и за него мислел дека „бил глуп“ и оти „ништо нема да разбере“ од неговото стручно објаснување или можеби довербата на Заев во него?
Comments are closed for this post.