Одбраната на обвинетите во во случајот „Топлик“ побара мислење од Антикорупциската комисија поради назначувањето на вештакот Борис Тунгев. Одраната сметаше дека тој нема право да биде вештак во овој случај, а Антикорупциската комисија тоа го потврди. Во мислењето на Комисијата Тунгев не може истовремено да биде вештак и да ја ја извршува функцијата Директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Државната комисија Ве известува дека во конкретниот случај доколку службеното лице – директор на Агенција за катастар на недвижности прифати да биде вешто лице (вештак) во судска постапка која се води пред надлежен суд, за што според член 29 став (1) од Законот за вештачење („Службен весник на РМ“ бр. 15/10, 12/14, 43/14, 148/15 и 64/18) е предвидена награда за извршеното вештачење, ќе постапи спротивно на член 44 став 6 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите-се наведува во мислењето на Антикорупциската комисија.
Судот спротивно на закон по барање на обвинителството го назначи Тунгев за вештак иако претходно утврди дека неговото вештачење е незаконско. Тоа значи дека судот му даде можност вештакот да направи ново вештачење кое било изготвено за само еден ден.
Comments are closed for this post.