Град Скопје објави јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градот за 2019 година.

Заинтересираните  за финасирање на нивните проекти може да поднесат предлози за поддршка на професионални, аматарески или младински проекти, манифестации и активности од областите: Изведбени уметности; Музички уметности; Визуелни уметности и уметност на новите медиуми; Издавачка и библиотечна дејност; Музејска дејност и промоција на културното наследство; Меѓународна соработка и Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

Право да учествуваат имаат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје кои се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалниот веб-портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk – соопштија од Град Скопје.

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности – Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје или на интернет страницата www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик е објавен во дневниот печат и ќе трае до 15 октомври 2018. Дополнителни информации може да се добијат на  телефоните: 02 3297-324, 02 3297-289 и на електронската адреса  kultura@skopje.gov.mk.