Работник паднал од објект и починал. Ш.Б.(52) од Скопје, вработен во фирма-изведувач, вчера додека работел на објект во изградба, паднал и починал.
Несреќата се случила на улицата „Лондонска“ во Скопје, а ја пријавила утрото службата на Итна медицинска помош, велат од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.