Нема ниту барање, ниту имаме дадена согласност за враќање на пасошот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков обвинет во предметите „Таргет“ и „Тврдина“, велат од СЈО.
Информацијата објавена во одредени медиуми дека го добил пасошот назад, наводно со образложение затоа што патната исправа му требала за да комуницира со странство како стопанственик и дека тоа нема да влијае врз редовното присуство на рочиштата од СЈО велат дека е лажна вест.
И од Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1 велат дека не постапувале по барање за укинување на мерката за претпазливост на Мијалков.
Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1 информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат од Основниот суд Скопје 1.
По објавата на истражните постапки од страна на СЈО и Катица Јанева, на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање како времена мерка за претпазливост, на барање на СЈО, Кривичниот Суд Скопје му ја одзеде патната исправа – пасош како мерка за безбедност.
Comments are closed for this post.