Во Собранието стигнаа измени и дополнувања на Кривичниот законик и нов закон за за спречување на корупција и судир на интереси. Опозицијата обвини дека законите се носат со брзање и на шверцерски начин.
Владејачкото мнозинство го менува членот 353 од Кривичниот законик.
Ставот од Законот со кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“, ќе биде преименуван и ќе се бара одговорност само за оние кои оствариле „имотна корист“.
Доколку се направат измените на член 353 став 5 од Кривичниот законик, од затвор ќе се спасат или ќе добијат многу пониски казни обвинетите во случаите што ги води СЈО.
СЈО не го интересираат и не е вклучен со меѓупартиските преговори за измена за членот 353 од Кривичниот законик, изјавија од СЈО за ТВ 24.
Од она што ние го знаеме, интенцијата е поблаго одмерување на казните, а не измени со коишто ќе се влијае на постапките на СЈО или застарување на предметите на СЈО коишто се однесуваат на злоупотребна на службената должност, велат од СЈО. Дел од обвиненијата на СЈО се токму по членот 353.
Comments are closed for this post.