Синдикатот на УПОЗ реагира на вчерашната одлука на Владата за промена на работното време и бара истата итно да биде повлечена. Од таму велат дека и се обратиле до Владата, дека се затекнати бидејќи не биле претходно информирани и консултирани како социјален партнер, со оглед на тоа што во Гранскиот колективен договор потпишан во почетокот на оваа година, е утврдено дека работното време е флексибилно.
Ваквата одлука, за Синдикатот на УПОЗ е нејасна и конфузна и веднаш создаде револт меѓу вработените од причина што Владата со носењето на ваквата одлука сметаме дека не го почитува социјалниот дијалог, постапува спротивно на Конвенциите на Меѓународната организација на трудот и го негира Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа“, се вели во соопштението.
Според Гранскиот Колективен договор работното време на вработените е флексибилно, започнува во 07:30 – 08:30 часот, завршува во 15:30 – 16:30 часот. Вака утврденото право не може и не смее да се дерогира со еднострани одлуки донесени од Владата или од било кој друг орган бидејќи се спротивни на сите позитивни законски норми, додаваат во соопштението од УПОЗ од каде се надеваат дека владата ќе ја преиспита одлуката.
Comments are closed for this post.