Kандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова го искоментира изборот на кандидатот на СДСМ за шеф на државата.

Да се заблагодарам на отворената врата на ВМРО-ДПМНЕ, за некој како мене. Тоа беше доказ за демократски капацитет, за европски капацитет. И само споредете го со она што се случуваше вчера на екраните, замислете среде Хилтон, во една од најсиромашните земји, во политичка игра без правила, без процедура заборавија дека распишаа конкурс, на конкурсот се јавија луѓе, а тие во атмосфера на афери и игри си го избраа вчера кандидатот за претседател. И сега ќе го предложат на Конгресот, да го потврди изборот и тоа било демократија. Шокирана сум, рече таа.