Професорката Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на телевизија Телма во емисијата Топ Тема истакна дека името на една држава во меѓународното право е неразделив дел од државно-правниот субјективитет.
Таа посочува дека правото на самоопределување мора да се почитува
-Во меѓународното право името е неразделив дел од државно-правниот субјективитет. И правото на самоопределување е загарантирано во актот за заштита, конвенцијата за заштита на граѓанските и политичките права, токму го потенцира тој елемент, така името, правото на самоопределување во себе вклучува право на име, на знаме, на химна, Устав. Впрочем и во 2011 година во Хаг ова беше потенцирано најјасно од судијата Крафорт, дека никој не може на една земја какво име ќе има, какво знаме ќе има и го даде примерот дури со Литванија дека и полската химна почнува со О’ Литванијо, па нема никаков проблем, вели професорката Гордана Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.