Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, Гордана Силјановска во интервју за српски „Експрес“ нагласува дека власта ги распродава националните интереси и оти таа како професор по уставно право не може да прифати промена на уставното име на земјата.
Го променија Уставот и името на државата иако Собранието претходно донесе резолуција дека Уставот и името не смее да се менуваат. Промената на името на државата е најдобар пример за распродажба на националните интереси. Власта не се одрече само од постоењето на македонското постоење во соседната држава, туку и од македонскиот народ со што го поништија правото на самоопределување (основано во 1944 на заседанието на АСНОМ), што е основно право, па сега Македонците се еднакви со помалите етнички заедници во земјата – објаснува професорката во дел од интервјуто.
Comments are closed for this post.