Очекувавме реформи од Влада што се закити со придавката „реформска“, а единствена реформа која ја направија е, за жал, болната- реформата на името.Ова го истакна кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова на митингот во Центар.
-Речиси 30 години сме закопани во транзицијата, никако да влеземе во демократска консолидација. Секоја приватизација е всушност грабеж, секоја приватизација е првобитна акумулација на капиталот. Англиските економисти велат дека во 19 век, овците ги изеле луѓето во Англија. Во Македонија политичарите и менаџерите на оваа власт во 90-тите години ги изедоа граѓаните и работниците. Преку ноќ се создаде една олигархиска група која не знае што да направи со парите и затоа е шокантно кога социјалдемократите се фалат со енормни богатства, истакна претседателскиот кандидат.
Comments are closed for this post.