Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија, од денеска е во еднодневна посета на Македонија а  ќе предаде донација во вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Донацијата на скопскиот аеродром ќе ја преземат министрите за надворешни работи Бујар Османи и за внатрешни работи Оливер Спасовски, кои истовремено ќе го пречекаат шефот на унгарската дипломатија.

Пред една година со специјален воен каргоавион Сијарто допатува во земјава директно од Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.