Владата на Република Македонија смета дека референдумот е демократско право на граѓаните и највисок чин на практикување демократија во секое општество, вели за „Pressing TV „ владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
На прашањето дали ова значи дека Владата не размислува во насока на евентуална одлука на Уставниот суд за стопирање на референдумските активности, Бошњаковски го повтори истиот одговор.
Уставниот суд на Република Македонија в среда треба да се изјасни за претставката на Левица за (не)уставноста на претстојното референдумско изјаснување на 30 септември.
Професорот Димитар Апасиев, пак, во текст во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica вели дека е извесно оти Уставниот суд, следејќи ги добрите референдумски практики утврдени во Венецијанскиот кодекс при Советот на Европа, ќе ја поништи со ретроактивно дејство и со изрекување на времена мерка за суспендирање на сите предреферендумски активности, собраниската одлука за распишување на референдумот закажан за 30 септември.
Comments are closed for this post.