Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска одговарајќи на новинарско прашање што правел еден миниситер за одбрана во домашна атмосфера со Боки 13 и Катица Јанева, потенцира оти процесот трае и сите информации што се битни за јавноста новинарите ги добиват, но станува смешно, подвлече, обидот да се политизира дополнително случајот.
– Случајот што го отворате покажа колку нашата држава се променила. Новинарите поставуваат дури и нелогични прашања, но никој не ги критикува за тоа. Медиумите можат да критиквуаат и многу ретко одлучуваат тоа да не го прават. Она што е најважно, никој не е над законот, изјави Шекеринска, откако заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.
Comments are closed for this post.