Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар, на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата на Церар со домаќинот Димитров, предвидено е да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес.