Министерката за труд и социјална политика Јагода шахпаска во денешната изјава соопшти оти состојбата во градинките е стабилна и дека вирусот не се шири меѓу децата. Според податоците од Министерството за труд и социјална политика, заклучно со минатиот петок регистрирани се 120 позитивни вработени и 18 дечиња.
Состојбата во градинките покажа дека кога доследно се почитуваат протоколите препорачани од Комисијата за заразни болест, ризикот за инфекција од ковид-19 е сведен на минимум. Инфекцијата во градинките не се шири меѓу дечињата, туку доаѓа доаѓа од надвор. Показател за тоа е поголемиот број позитивни возрасни вработени во градинките. До минатиот петок беа регистрирани 120 позитивни вработени и 18 дечиња. Кога велам вработени тука се мисли и на негуватели, воспитувачи, готвачи, хигиеничари и останатиот кадар. Од тие 120, 51 лице е воспитувач, 50 се негуватели, а останатите 19 од останатиот кадар во градинките. Бројот на лица коишто беа ставени во изолација секако е многу поголем, некаде над 1.200 деца се во изолација заради тоа што тие имале контакт со позитивен вработен во градинката, односно тие не се позитивни туку се отстранети заради безбедносни причини“, изјави Шахпаска.
Comments are closed for this post.